Восочната фигура на Роналдо во новиот музеј „Мадам Тисо“ во „погрешен“ дрес (ФОТО)

Оваа недела е отворен првиот музеј „Мадам Тисо“ во арапскиот свет, а меѓу бројните восочни фигури се појави онаа на Кристијано Роналдо.

Восочниот Роналдо изгледа одлично, но има еден проблем – е во „погрешен“ дрес на Јувентус.

Како што е познато пред неколку недели Роналдо се врати во Јунајтед, но очигледно дека авторот ја направил оваа фигура додека Роналдо бил дел од тимот од Торино.

Управата на Музејот соопштила дека ќе го замени дресот на Португалецот во најскор можен начин.

„Во светот на спортот многу работи се менуваат, па така и во фудбалот многу брзо играчите ги менуваат клубовите. Фановите на Роналдо набрзо ќе бидат возбудени кога ќе чујат дека неговата восочна фигура ќе биде со новиот дрес на Манчестер Јунајтед“, објави управата во соопштението.

Се вчитува...