Астон Вила останува во трката за место во Топ 5 и билет за Лигата на Шампионите за следната сезона откако избраниците на Унаи Емери вечерва славеа на гостувањето против Борнмут со 0-1.
Дуелот не изобилуваше со премногу шанси, па како клучен се покажа голот што го постигна Оли Воткинс во последните секунди од првото полувреме.
Борнмут се обиде да стигне до израмнување во вториот дел, имаше и играч повеќе во последните 10 минути по исклучувањето на Рамзи, но гостинскиот тим успеа да ја сочува мрежата на Емилијано Мартинез незатресена, стигнувајќи до огромни три бода во трката за највисок пласман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

