Возачите на Мерцедес казнети пред денешната трка во Бахреин

Возачите на Мерцедес, Џорџ Расел и Кими Антонели, се казнети со додавање на една позиција во нивниот квалификациски поредок откако ја напуштија гаражата предвреме за време на вториот дел од квалификациите за Големата награда на Бахреин во Формула 1.

На патеката Сахир, Расел го освои второто место во квалификациите, а Антонели беше четврти, но денеска ќе стартуваат од третото односно петтото место.

Тие излегоа предвреме од своите гаражи во вториот дел од квалификациите пред да продолжи трката, по прекинот поради несреќата што ја доживеа Естебан Окон во третиот свиок.

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри ќе стартува од пол-позицијата, втор ќе биде Шарл Леклер од Ферари, а трет Расел. Возачот на Алпина, Пјер Гасли, ќе ја започне трката на четвртото место, Антонели на петтото, а лидерот во генералниот пласман Ландо Норис од Мекларен на шестото, пред актуелниот шампион Макс Верстапен од Ред Бул.

Големата награда на Бахреин се вози денеска (13 април) од 17 часот.

Се вчитува...