Возачите во Ф1 ќе носат камери на кацигите во новата сезона

Во 2023 година сите возачи на Формула 1 ќе имаат минијатурни камери во кацигите, кои ќе им помогнат на ТВ гледачите да видат се што гледа „пилотот“ зад воланот на тркачки автомобил.

Формула 1 потпиша договор со „Racing Force Group“ за користење на камерите во 2023 година.

ФОМ експериментира со овие камери во последните неколку сезони, а фановите и ТВ куќите се воодушевени од резултатите. Сепак, ФИА се сомнева дали овие камери ќе бидат опасни во случај на удари на кацигата на пилотот.

Сега, сепак, тие сомнежи се отстранети. Во сезоната 2023, камерите ќе бидат минијатурни – ќе тежат само 1,43 грама. Дијаметарот на објективот е осум милиметри, а камерата е поставена во внатрешниот заштитен слој на кацигата на ниво на очите на пилотот.

 

 

Се вчитува...