Големиот инцидент на самиот старт од белгиското гранпри кога Алонсо со својот болид буквално го прелета Чарлс Леклерк можеше да има трагичен крај, но за такво нешто да не се случи најмногу помогна Хало-системот за заштита на возачите. Промената на дизајнот придонесе да дојде до зголемена безбедност на возачите, а фотографијата од болидот на Леклерк по завршувањето на трката доволни говори колку тоа помогнало да се спречи трагедија.
„Хало дефинитивно ми помогна денеска, благодарен сум поради тоа. Не бев фан на овој дизајн, но среќен сум што сега ми беше над главата за да ме заштити“ – изјави Леклерк, одговарајќи на прашања за судирот, на што се надоврза Алонсо: Ова е добар доказ колку значи Хало. Не дека ни требаше доказ бидејќи знаевме, но добро е сите да видат.
На темата по трката се осврна и поранешниот Ф1 шампион Нико Розберг.
„Мислам дека можеме да ја завршиме дебатата еднаш и засекогаш. Хало спаси и ќе спасува живот“ – порача Розберг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА