Возбудлив „македонски дуел“ во Унгарија: Дербито меѓу Спировски и Ристевски – без победник (ФОТО)

ЕКИПА во Будимпешта,

Кристијан Димевски

Будимпешта овој викенд е центар на женскиот европски клупски ракомет, но за македонската спортска јавност секогаш се интересни и настапите на нашите фудбалски интернационалци. ЕКИПА го искористи моментот да присуствува и на фудбалскиот натпревар меѓу Ференцварош и Вашаш, клубовите за кои играат двајцата македонски репрезентативци, Стефан Спировски и Кире Ристевски.

Ференцварош се бори за титулата, а Вашаш за опстанок во елитата, а „македонското дерби“ заврши без победник, 1-1. Финишот беше неверојатен. Ференцварош поведе со голот на Блажиќ во 89.минута, а израмни Егерсеги во четвртата минута од судиското продолжение. Секако, во објективот на ЕКИПА беа македонските репрезентативци, Стефан Спировски и Кире Ристевски.

 

 

Се вчитува...