Вчерашниот отворен ден за премиум тест возење во ексклузивниот Jaguar Land Rover центар на Automobili Group, беше одлична можност за претставување на новите Land Rover Discovery Sport и Jaguar XE.
Посетителите, имаа прва средба со новиот Land Rover Discovery Sport. Веднаш препознатлив по гените од Discovery, со складни пропорции, комбинира уникатен карактер и паметен став. Беспрекорен и способен во секоја смисла, каков што само Land Rover може да биде, плени со набојот на иновативната технологија за поврзување, информирање и забава. Логично, околу Discovery Sport се вртеа погледите на оние, кои препознаа дека со флексибилноста на внатрешноста и интелигентно решениот простор, ќе може да одговори на сите барања на едно модерно семејство.
Новиот Jaguar XE пак, ги восхити посетителите како надреално уметничко дело. Претставен со нова серија на уникатни бои кои ги поматуваат линиите помеѓу уметноста и реалноста. Оние кои беа привлечени од овој спортски седан, зад воланот ја почувствуваа новата луксузна внатрешност која носи повеќе комфор, квалитет и самодоверба во секоја смисла. Тест возачите сведочеа за подобрената динамична управливост на XE, а за возбудливо возење и несекојдневно искуство придонесоа и напредните технологии кои ги поседува XE, надградбите на потпирањето и изменетиот Jaguar Drive Control.
Покрај новите Land Rover Discovery Sport и Jaguar XE, вљубениците во британските премиум возила, можеа да ги откријат ненадминливите способности на Range Rover Sport, Range Rover Velar, новиот Range Rover Evoque, големиот Land Rover Discovery, како и заводливите перформанси на Jaguar F-Pace и Е-Pace.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА