ВОЗБУДЛИВО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ: Шкендија со пресврт води со Беса, предност за Воска, Пелистер и Тиквеш во битката за опстанок

Повеќе од возбудливо прво полувреме во 28. коло од Првата македонска фудбалска лига. Шкендија со пресврт води на гостувањето против Беса со 1-2, Воска Спорт води со Вардар во битката за бодови за опстанок, а Пелистер има гостинско водство од 0-1 против Работнички во Скопје.

Во интересна пресметка на Чаир, Шкупи води со Силекс, а Тиквеш има предност од 1-0 против АП Брера на дуелот во Кавадарци.

На дуелот во Охрид, во битката за опстанок, Воска Спорт брзо дојде до водство против Вардар уште во 17. минута од средбата.

Убава акција по десната акција, која со погодок ја круниса Осеи…

Интересно и на дуелот во Гостивар, каде Шкендија со пресврт води со 1-2.

Домашните поведоа со погодокот на Селмани уште во 13. минута.

Но, Шкендија брзо се врати во игра. Со голот на Бесарт Ибраими од пенал во 23. минута лидерот израмни на 1-1. А веќе во 36. минута по убава акција, Тамба погоди за 1-2.

Тиквеш има предност од 1-0 против АП Брера на дуелот во Кавадарци.

Кавадарчани водат благодарение на феноменалната акција во 24. минута од средбата. Извонреден „мат во само два потези“. Феноменална „топка со очи“ на дистанца од 60 метри на капитенот Даниел Мојсов, која Стојкоски извонредно од прва ја смести во противничката мрежа…

Шкупи води со Силекс благодарение на феноменалниот гол на Ансах во 32. минута, кој го матираше противничкиот голман со шут од 30 метри.

Пелистер има предност од 0-1 против Работнички благодарение на голот на капитенот Мирко Ивановски во 40. минута од средбата.


ПРВА ЛИГА – 28. КОЛО (прво полувреме)
Гостивар: БЕСА – ШКЕНДИЈА 1-2
Селмани 13′ – Ибраими 23′(п), Тамба 36′
Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС 1-0
Ансах 32′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 0-1
Ивановски 40′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ВАРДАР 1-0
Осеи 17′
Кавадарци: ТИКВЕШ – АП БРЕРА 1-0
Стојкоски 24′
Струга: СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР 0-0

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...