Вардар, реализираше крупен чекор за бегство од дното на табелата во Првата македонска фудбалска лига, со голема победа од 1-3 во „вечното дерби“ против Пелистер во Битола во 25. коло од шампионатот.
Црвено-црните заслужено дојдоа до триумфот, со пресврт, благодарение на двата прекрасни погодоци на репрезентативецот на Уганда, Роџерс Мато, во последната 15 минути од мечот.
Два слични погодоци, првиот во 75. минута за водство од 1-2…
А, потоа во 82. минута и вистински еврогол за конечни 1-3.
Претходно, во првото полувреме, натпреварот имаше повеќе од бурен старт. Во врнежливи услови за игра, но само максимална борбеност и возбудувања на двете страни, „пелистерци“ поведоа уште во 10. минута со голот на Вилдан Керим.
Сепак, „вардарци“ брзо дојдоа до можност за израмнување. Во 20. минута досуден пенал за црвено-црните. Домашните бурно реагираа на судиската одлука да биде досуден пенал, пред се и затоа што во акција пред прекршокот за пенал имаше сомнителна офсајд позиција на „вардарци“, но последна беше одлуката на делителот на правдата.
А, прецизен од белата точка, иако малку среќно успеа да постигне гол, беше Закариќ за 1-1.
Останатите натпревари од 25. коло во ПМФЛ се играат во понеделник, 31 март од 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА