Возбудувања на Арената: Мато најпрво не искористи пенал, па со мајсторија го израмни резултатот (ВИДЕО)

Се играше 55. минута од дербито на Арената, во кое Вардар имаше голема шанса да израмни, но не искористи пенал.

Судијата Стојанов еден момент во шеснаесетникот го окарактеризира како играње со рака од страна на Илиевски, а потоа стигна повик и од ВАР собата. Откако го гледаше, Стојанов ја потврди својата одлука.

Мато се реши да го изведе пеналот, но Ангелети му го одбрани обидот.

Сепак, во 60. минута од средбата, Мато по една соло акција откако измести двајца противничкит играчи, успеа да погоди во мрежата на Ангелети и да го израмни резултатот.

Се вчитува...