Вознемирувачка сцена – Велосипедист заврши во заштитна ограда која му го спаси животот

Младиот шпански велосипедист Андон Аскарете доживеа несреќа на аматерското првенство на Баскија. На една од етапите тој ја загуби контролата врз велосипедот и се заби во една од заштитните огради. 18-годишникот имал среќа бидејќи дресот му се закачил за оградата, што го спасило да не падне во провалијата.

„За среќа повредата беше само површинска. Изгледаше страшно, но за среќа Аскарете ќе биде добар“, изјави спортскиот директор на тимот Групо Елен, Давид Ечеберија.

 

Се вчитува...