Возеше за Ферари во Ф1, а паднал за возачка дозвола

Оливер Бeрман е името кое е најпребарувано во последните денови кога е во прашање Формула 1. Младиот Британец стана најмладиот возач на Ферари во историјата на овој тим,со само 18 години.

Тоа се случи бидејќи Карлос Сајнц мораше да го оперира слепото црево, па Бeрман мораше да вози на трката во Саудиска Арабија. Тој ја заврши трката седми и освои шест поени, што го прави најмладиот дебитант во историјата на Ф1 кој освоил поени.

Иако, според сите проценки, одличен возач, Бeрман не ја доби така лесно возачката дозвола. Прв пат полагаше на 16 години, но сето тоа помина лошо.

„Пред да дојде кај мене падна на испит поради грешка на семафор. Или поминал на жолто светло или не застанал на време“, рекол неговиот инструктор.

Неуспехот не го деморализира, туку го „загреа столчето“ и следниот пат положи.

Се вчитува...