Легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур синоќа трагично загина во сообраќајна несреќа во 69-та година од својот живот.
Популарниот Буштур животот го загуби откако своето возило синоќа на лизгав пат се удрил во бетонските жардиниери на средината од коловозот на булеварот „Србија“ во општина Кисела Вода во Скопје. Од силината на ударот, Георгиевски починал на лице место, по што не можеле да помогнат ниту лекарските единици на Брза помош кои пристигнале на местото на несреќата.
ВИДЕО: www.infomax.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

