Американската тенисерка Бетани Матек – Сандс доживеа хорор повреда за време на настапот во второто коло на Вимблдон.
На почетокот од третиот сет против Соран Кирсти, Матек-Сандс се обиде да се пробие до мрежата но доживеа страшна повреда на коленото… Во прв момент изгледаше како да не е нешто страшно, но набрзо Американката почна силно да вика: „Ве молам помогнете ми“.
Just a devastating scene at Wimbledon as Bethanie Mattek-Sands goes down with an injury. pic.twitter.com/kqY6wQAcbS
— Sports Illustrated (@SInow) July 6, 2017
За кратко на теренот се проби Луси Сафарова, со која Матек-Сандс игра двојки, и која е нејзина блиска пријателка. Чешката тенисерка го прекри лицето со рацете, откако ја виде повредата, и почна да плаче…
Набрзо пристигнаа и лекарите кои и ја имобилизираа ногата и веднаш ја пренесоа во болница. Ова, според најавите, ќе значи и крај на кариерата за американската тенисерка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА