ВОЗНЕМИРУВАЧКИ НАДРЕАЛНО: Холограм на Дражен Петровиќ им се обрати на присутните во Загреб (ВИДЕО)

Во моментов во Загреб се одржува кошаркарскиот спектакл во чест на Дражен Петровиќ на кој присуствуваат голем број врвни поранешни и актуелни кошаркарски имиња од Балканот и светот.

Пред преполната арена, на спектаклот за кој уште долго ќе се зборува а на кој учествува и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, во еден момент на присутните им се обрати и холограм на Дражен Петровиќ. Вознемирувачки надреално…

„Задоволство е што ве гледам во толку голем број, и што може да се потсетам на олимпиското финале од Барселона со сите мои соиграчи. Уживајте во остатокот од натпреварт“ – се обрати холграмот на Дражен Петровиќ на сите присутни во арената…

Притоа солзите не можеа да ги сокријат неговиот брат Аца Петровиќ, ниту Предраг Даниловиќ и Владе Дивац…

„Надреално е колку сето тоа потсетува на Дражен, и гласот и неговите гестови“ – беа коментарите на присутните на спектаклот во Загреб.

Се вчитува...