Вознемирувачко исчезнување на фудбалер на Кордоба: Веќе четири дена никој не знае каде е (ФОТО)

Младиот фудбалер на шпанската Кордоба, Алваро Прието од четвртокот е прогласен за исчезнат од страна на шпанската полиција откако од него нема никаква трага од рано утрото на 12. октомври.

Неговото семејство мисли дека 18-годишниот фудбалер е киднапиран, откако последен пат е виден на железничка станица во Севилја утрото на 12. октомври.

„Беспомошен е. Во него нема ниту пари, нитутелефон. Или некој го киднапирал, или е прегазен додека пешачел покрај железничката станица“ – вели вознемирена неговата мајка.

Прието ноќта во средата бил во ноќен клуб во Севилја со свои пријатели. Утрото, вообичаено, со воз патувал од Севилја до Барселона притоа застанувајќи на тренинг во својот клуб во Кордоба. Но, како задоцнил на првиот воз, се обидел да влезе во друг со лажен билет па е фатен и исфрлен. Потоа, наводно виден е по пат по Канас сити авенијата движејќи се пешки кон Кордоба, но се се тоа само шпекулации.

„Важен детал е дека ја напуштил железничката станица откако го исфрлиле и тргнал пешки по авенијата. Тоа е улица која оди паралелно со автопатот меѓу Севилја и Кордоба. На крајот од авенијата има камери кои покриваат се, но него го нема на камерите дека стигнал до крајот на авенијата. Тоа е вознемирувачки и навистина чудно. Да дошол до крајот на авенијата сигурно камерите би го снимиле. Значи, нешто е случено во тој дел додека пешачел“ – пишуваат шпанските медиуми.

Се вчитува...