Американската гимнастичарка Саманта Серио доживеа стрaшна повреда, откако ги скрши двете нозе при доскок на вежба на партер. Таа веднаш објави и дека ја завршува професионалната кариера.
„Беше тешко да се гледа таа слика. Сите се надеваме дека Саманта брзо ќе закрепне. Штета, беше голем гимнастички талент“, изјави нејзиниот тренер Џеф Граба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА