ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Австралиски борец ја скрши ногата за време на ММА борба

Се појави вознемирувачка снимка од броба на двајца австралиски борци, а истата доаѓа од настанот „Urban Fight Night 24“ што се одржа во Сиднеј. Натпреварот помеѓу Дин Максвел и Рандал Реј за титулата во тешка категорија траеше само 20 секунди, а заврши со болен крик на досега непоразениот Максвел.

Веќе на почетокот на натпреварот, Реј му зададе само навидум безопасен удар на потколеницата на противникот, кој не успеа да го блокира. Се чинеше дека Реј не му нанесе голема штета на Максвел се додека не застана на нозе со целосна тежина.

Неговата нога се сруши точно на местото на ударот. Судијата ја прекина борбата. Максвел ја скршил коската под коленото, а по операцијата го чека тримесечно закрепнување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Urban Fight Night (@urbanfightnight)

Се вчитува...