Вознемирувачко видео: Чилеанец колабираше сред терен, натпреварот итно е прекинат

Страшни сцени го прекинаа еден од најголемите аргентински дерби натпревари помеѓу Бока Јуниорс и Естудијантес откако репрезентативецот на Чиле и член на гостинската екипа, Хавиер Алтамирано колабираше на теренот во 26. минута од средбата.

За среќа веднаш до него се најде Енцо Перез кој му пружи помош и побара интервенција од медицинскиот персонал. Натпреварот подоцна беше прекинат и не продолжи бидејќи останатите играчи одбија да играат.

Аргентинските медиуми пренесуваат дека состојбата на Алтамирано е стабилна и во болница дошол при свест.

Се вчитува...