ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Марсело предизвика хорор повреда

Легендарниот бразилски играч Марсело, се врати во матичниот клуб Флуминензе, а вчера играјќи за својата екипа несакајќи му нанесе тешка повреда на фудбалерот на Аргентинос Јуниорс, Лучано Санчез на натпревар од Копа Либертадорес.

Во 58. минута Марсело и Санчез заедно тргнаа кон топката, а Бразилецот во обид да до издрибла со целата сила го нагази противникот директно на испружената нога.

Ногата веднаш се скрши, а Аргентинецот се превртуваше од болки. Марсело веднаш е исклучен, а теренот го напушти во шок и солзи.

ВНИМАНИЕ: ВИДЕОТО Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО

Се вчитува...