Вознемирувачко видео: Михалис бил убиен од навивач на АЕК?!

Грчката полиција се уште не дава конкретни информации за текот на истрагата за убиениот навивач на АЕК во нередите во Атина на 7 август, но во меѓувреме се појавуваат нови докази дека Михалис не бил убиен од приврзаници на Динамо Загреб, како што се тврдеше непосредно по страшниот инцидент.

Доцна синоќа беше објавено ново видео на кое се следи движењето на убиениот навивач за време на нередите, при што е забележан и моментот кога тој е исечен додека трча во толпата. За потсетување, официјална причина за смртта е длабока рана на подлактицата од која Михалис искрварел и трагично го загуби младиот живот.

Според она што може да се забележи, лицето кое со нож го прободува е дел од истата толпа, па големи се сомнежите дека и тој е навивач на тимот на АЕК како и убиениот Михалис.

Се вчитува...