ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: ММА борец остана без прст сред борба

Поранешниот канаѓански олимписки борец, Кетаг Плиев, кој воедно и е боксер кој скоро се префрли во рингот на ММА, претрпе сериозна повреда на борбата против Девин Гудеил која се одржа во Филделфија.

Гудеил беше прогласен за победник со технички нокаут откако судијата ја прекина борбата поради несекојдневна ситуација. Имено, Плиев остана без прстот на левата рака, а како дошло до повредата е непознато, дури и за самиот борец.

„Не се сеќавам на нитшо, навистина не знам. Ќе морам повторно да ја прегледам борбата бидејќи не знам што точно се случи“, истакна Канаѓанецот по борбата.

Целата ситуација беше конфузна и за самите коментатори, кои се чудеа за каква повреда станува збор, а се претпоставува дека станува збор за откинување на прстот при борење покрај самата ограда. На крајот прстот на Плиев беше пронајден и сошиен назад на неговата рака.

Се вчитува...