Вознемирувачко видео: Навивач падна од трибина висока 20 метри

Бразилските гиганти Сао Пауло и Гремио ги одмерија силите на теренот, но во центарот на вниманието од ова дерби се најде неверојатната случка од трибините, откако еден навивач на гостинскиот тим падна од најгорниот „прстен“ на стадионот.

„Навивачот сакал да се качи на оградата на највисокиот прстен, но се лизнал и паднал „во амбис“. Падот е кон најниските седишта на стадионот и во висина од околу 20 метри“ – известуваат бразилските медиуми.

Неверојатно среќна околност е што наместо врз седишта на трибините или на асфалт, тој паднал врз тројца навивачи, меѓу нив едно 13-годишно дете. Тие минале само со полесни повреди, а навивачот што паднал од горната трибина се здобил само со скршеница на една коска во телото и се наоѓа надвор од животна опасност.

Се вчитува...