ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Страшната повреда на Халибартон која го одлучи НБА шампионот

Оклахома Сити Тандер е освојувачот на трофејот во НБА лигата откако славеше во седмиот натпревар од финалната серија против Индијана. Очекувањата беа дека „мајсторката“ ќе биде крајно неизвесна, но повредата на Тајрис Халибартон спречи да го видиме најдоброто од Пејсерс.

Најдобриот кошаркар на гостите откако постигна девет поени за седум минути во првата четвртина мораше да го напушти теренот со помош од соиграчите и стручниот штаб.

Првичните информации од САД велат дека станува збор за тешка повреда на ахиловата тетива поради која го очекува долга пауза и рехабилитација.

Се вчитува...