ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ужас во Алжир – Попушти оградата од трибината, мртви и повредени

Веднаш по завршувањето на натпреварот од последното коло од алжирското првенство меѓу новите шампиони Алжир и Магра, неколку навивачи паднаа од висина од десет метри, од горната на долната трибина.

Според извештаите на локалните медиуми, тројца навивачи починаа како последица на падот, додека уште 70 беа повредени и пренесени во три болници.

Падот се случи кога заштитната ограда на горната трибина попушти и се скрши под силата на притисокот на толпата навивачи што се собраа. Моментот на кршењето на оградата и падот на десетици навивачи беше снимен од спротивната трибина и е навистина вознемирувачки.

Натпреварот заврши 0-0, па Алжир остана на водечката позиција и математички ја обезбеди титулата, која, за жал, остана во сенка на трагедијата.

Сè уште не е познато колку од другите 70-мина повредени се во животна опасност.

По трагедијата, претседателот на оваа северноафриканска земја, Абделмаџид Тебун, се обрати и изрази сочувство до семејството на починатите, како и до клубот.

„По повод сериозната трагедија што го погоди клубот Алжир на стадионот „5. Јули“, сакам да изразам сочувство до семејствата на починатите. Нека Бог им даде милост и вечен мир“, рече претседателот на Алжир и изрази надеж дека сите повредени ќе се опорават што е можно побрзо и ќе се вратат кај своите семејства.

Се вчитува...