ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Влегоа на фудбалски меч и убиваа луѓе по терен

Хорор видео од Еквадор го шокираше светот. Невиден злостор се случи за време на фудбалски натпревар во ексклузивна населба на островот Моцоли.

Напаѓачите влегоа на теренот за време на натпреварот и убија луѓе. Група од 10 тешко вооружени напаѓачи влегоа на теренот и почнаа да убиваат. Три лица беа убиени, а неколку од нив беа префрлени во болница.

Според локалните медиуми, овој напад бил планиран неколку месеци, а целта била да се ликвидира Алијас Марино, водачот на озлогласената криминална група „Лос Лагартос“.

Се вчитува...