Поранешната најдобра тенисерка на светот Каролина Вознијацки по Австралија опен ќе ја заврши професионалната кариера.
„Професионално се занимавам со тенисот веќе 15 години. Во тоа време јас уживав во неверојатниот прв дел од мојот живот. Освоив 30 ВТА титули, бев број 1 на листата 71 седмица, триумфирав на Австралија опен и Завршниот мастерс, три пати учествува на ЛОИ, а еднаш имав чест да бидам знаменосец на мојата земја. Успеав да достигнам се за што сонував како мала“, напиша Возниацки.
Данката со полско потекло најголемиот успех во кариерата го имаше на Австралија опен во 2018 година кога успеа да слави на грен-слемот во Мелбурн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА