Данската тенисерка, Каролина Вознијацки се повлече од турнирот во Вашингтон. На неколку часа пред дуелот со Ангелина Калина, Вознијацки на организаторите им соопшти дека не може да игра на турнирот поради повредата на десната нога.
Нејзина замена на главниот турнир ќе биде Белгијката Исалин Бонавенторе.
Вознијацки која моментно е на второто место на ВТА листата, во јануари годинава во Мелбурн ја освои првата гранслем титула.
По поразот во второто коло на Вимблдон на почетокот на јули, нема одиграно ниеден меч, но се надева дека ќе биде подготвена за УС Опен кој почнува на 27 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА