Вознијацки и со повреда на грбот до следната рунда во Њујорк

Поранешната најдобра тенисерка на светот, Каролина Вознијацки се избори за трето коло на УС Опен.

Таа, и покрај тоа што имаше и повреда на грбот, после само 104 минути игра излезе на крај со 92-та светска тенисерка, Рената Заразуа од Мексико, победувајќи со 6-3 и 6-3.

Во следното коло на грандслем турнирот ја очекува мечот со Французинката Жесика Понше.

Се вчитува...