Каролин Вознијацки обезбеди пласман во полуфиналето од ВТА шампионатот откако попладнево во Сингапур неочекувано лесно и убедливо ја совлада Симона Халеп со 2-0 во сетови. Данката делуваше застрашувачки во првиот сет, што го доби со максимални 6-0, за потоа во висок ритам да продолжи и во вториот (6-2), нанесувајќи и го еден од најтешките порази во кариерата на Халеп, која е прва носителка на овој турнир. Романската тенисерка беше далеку од посакуваниот ритам, имаше 17 неизнудени грешки во текот на 14-те гејма и не ја искористи единствената брејк шанса, наспроти пет брејка од осум можности за Вознијацки.
Халеп за место во полуфиналето ќе се бори со Свитолина, која се уште има шанси и покрај денешниот втор пораз од Гарсија, со 1-2 во сетови. Украинката има за што да жали, не само поради водството од 1-0 (7-6), туку пред се поради фактот дека во решавачкиот сет имаше предност од 5-3, но потоа имаше голем пад во нејзината игра, па на крајот претрпе пораз од
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА