Данската тенисерка Каролин Вознијацки беше одликувана со орденот „Данеборг“ поради заслугите за својата земја. Тоа е втор витешки орден по важност во Данска.
Поранешната светска тенисерка број еден, со гордост се пофали со признанието на својот профил на Твитер.
„За мене претставува огромна чест што го добив орденот „Данеборг“ – напиша Каролин Вознијацки.
Вознијацки моментно е втора на ВТА листата зад Симона Халеп. Во својата кариера, 27-годишната данска тенисерка има освоено 28 титули на ВТА турнирите, а на почетокот на годинава ја освои и својата прва гран-слем титула на Австралија Опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА