Вознијацки пресилна за Свитолина, Халеп тргна со победа во Сингапур

Каролина Вознијацки тргна со сигурна победа од 2-0, односно 6-2, 6-0 над Елина Свитолина на ВТА турнирот во Сунгапур. По неизвесниот почеток на средбата Вознијацки ја превзеде контролата и со два брејка стигна до солидни 4-2. Свитолина имаше неуспешен обид да се врати во мечот, па по својот втор загубен сервис го загуби сетот со 6-2. Данската тенисерка со исто темпо продолжи и во вториот сет, „украде“ нови два сервиси на Свитолина и се најде во предност од 4-0 за само дваесетина минути. Украинката немаше сили да освои ниту еден гем, па сетот го загуби со конечни 6-0.

Претходно како прв меч од вториот ден на турнирот во Сингапур, носителката на ВТА листата Симона Халеп без поголеми потешкотии ја совлада Каролина Гарсија со резултат од 6-4, 6-2 за час и половина. Романската тенисерка имаше мали проблеми на стартот од првиот сет, но при резултат од 4-3 во гемови за Гарсија, Халеп направи брејк и освои три гемови во низа за 1-0. Во вториот сет женскиот светски рекет број 1., тргна фуриозно и со два брејка за брзо направи 5-1, а сетот го освои со само уште еден изгубен гем, за пончни 2-0.

Се вчитува...