Данската тенисерка Каролина Вознијацки е првата финалистка на завршниот турнир од сезоната што се одржува во Сингапур. Таа во полуфиналната пресметка ја совлада Каролина Плишкова од Чешка со 2-0 во сетови. Сега ќе ја очекува својата противничка во финалето, а во вториот полуфинален дуел ќе играат Венус Вилијамс и Каролин Гарсија.
Неверојатно возбудлив беше првиот сет од овој меч. Се играше тај-брејк, а во него, по неколку пресврти, Вознијацки успеа да слави со 11-9 на поени. Неизвесно беше и во вториот сет, но данската тенисерка сепак имаше повеќе сили и го комплетираше со 6-3 во гемови, пласирајќи се во големото финале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА