ВПЕЧАТЛИВО – Навивачите на Јагелонија со силни скандирања го бараат Чурлинов да се врати во клубот (ВИДЕО)

Полската Јагелонија синоќа убедливо со 3-0 славеше против Динамо Тирана во плеј-оф рундата за пласман во Конференциската лига на УЕФА.

Но, без сомнение, еден од моментите кои оставија впечаток на мечот беше и скандирањето на навивачите на Јагелонија, во неколку наврати за време на натпреварот, името на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

Најверните фанови на полскиот тим, и преку транспарент но и со постојани скандирања, јасно дадоа до знаење дека го сакаат назад во својот клуб Чурлинов кој минатата сезона мина извонредни денови во Јагелонија на позајмица од англиски Барнли.

Дарко Чурлинов остави силен впечаток во клубот, па затоа сакаат повторно и во новата сезона и за настапите во Конференциската лига да биде во нивните редови.

Македонскиот напаѓач и натаму е под договор со Барнли, но не ја добива вистинската шанса во тој клуб, па повторно се очекува негова промена на клубот.

Се вчитува...