Враќање на „Динамо арена“, враќање по историјата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Тбилиси, Грузија

Владимир Булатовиќ

Македонските репрезентативци по само две месеци, по оној меѓусебен натпревар од новата сезона во Лигата на нации, повторно се вратија на „Динамо арена“ во Тбилиси. Овој пат, сепак, за далеку поважна цел – пласман на ЕУРО 2020. Се вратија во Тбилиси по историјата, онаа која силно посакуваат да ја видиме запишана зад оваа генерација фудбалери предводена од Горан Пандев.

Сето тоа беше повеќе од очигледно и на денешниот тренинг на „Динамо арена“ на кој меѓу секој репрезентативец се чувствуваше силен емотивен набој, позитивни чувства и екстремни посакувања да се стигне до целта.

Тренингот го одработи и Аријан Адеми, оставајќи ја отворена можноста утре да се појави во стартниот состав на Игор Ангеловски. А, добро е познато колкава е значењето на Аријан Адеми за овој тим!

 

Се вчитува...