Паузата во СЕХА-лигата се уште трае, неизвесно е за кога ќе биде презакажан фајналфор турнирот што требаше да се одржи во Задар, па во меѓувреме медија-тимот објавува стари снимки со најдобри потези од изминатите сезони.
Денеска на „менито“ е една извонредна акција на Вардар на дербито со Загреб, и тоа од самите почетоци на СЕХА-лигата, додека „црвено-црните“ уште ги играа своите домашни натпревари во СРЦ „Кале“. Во главна улога – капитенот Столе Стоилов, кој со извонредна асистенција „без гледање“ ја исфрли од игра цела одбрана на Загреб и му овозможи на Добривоје Марковиќ рутински да реализира од крило.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА