Враќање во старото јато: Елиф Елмас му кажал ДА на Фенербахче

Камбекот на Елиф Елмас во турскиот фудбал повторно е актуелен во оваа земја, од каде пристигнуваат информации дека македонскиот „дијамант“ дал начелна согласност за камбек во редовите на Фенербахче.

Елмас како тинејџер имаше одлични настапи за Фенер пред да се пресели во редовите на Наполи, но откако епизодата во Лајпциг се покажа како крајно неуспешна, сега Елиф сериозно размислува да се врати назад во клубот каде беше ценет, но и имаше извонредна врска со најверните навивачи. Македонскиот фудбалер сериозно размислува за следниот чекор во кариерата и јануарски трансфер делува како најреална опција, и покрај последните најави дека Елмас би можел да остане во Лајпциг доколку тренерот Росе добие отказ.

Информациите од Турција говорат дека Фенербахче веќе почнал разговори со германскиот клуб за овој трансфер, откако Мурињо дал зелено светло за старт на преговорите. Воспоставен е и контакт со самиот Елиф, кој начелно му кажал ДА на својот поранешен клуб, но сепак за реализација на овој трансфер потежок дека од задачата ќе биде да се најде заеднички јазик меѓу клубовите.

Интерес за Елмас покажува и неговиот поранешен клуб Наполи, но италијанскиот тим разговара само за позајмица, додека Фенер е подготвен да испрати понуда за перманентен трансфер. Германските медиуми претходно најавија дека Лајпциг ќе бара 15 милионие евра за Елиф во јануари, што е за девет милиони евра пониска сума од онаа што бундеслигашот ја плати за да го доведе нашиот фудбалер од Наполи.

Се вчитува...