Новак Ѓоковиќ имаше лош старт на 2018 година, но во средината од сезоната успеа да го подигне нивото и веќе пред крајот на годината го презеде првото месот на АТП листата. Тој беше надвор од најдобрите 20 и беше многу тешко да се очекува дека ќе се случи подвигот на годината.
„Тоа што го направи Новак ова година, мора да биде едно од најголемите враќања во спортот. Феноменално беше како се врати во форма и го направи незамисливото. Комплетно го заслужува првото место на табелата и треба да биде многу горд на себе“ – стои во соопштението на Крис Кермод , претседателот на Асоцијацијата на тениските професионалци.
По лошиот почеток, Ѓоковиќ го освои титулите во Вимблдон, Синсинати, на УС Опен и во Шангај. Беше финалист на турнирите во Париз и во Лондон. Новата сезона, српскиот тенисер ќе ја отвори официјално во Доха.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА