Враќањето на Барселона на Камп Ноу повторно е одложено

Барселона во официјално соопштение објави дека вториот домашен натпревар на тимот во Лигата на шампионите против Олимпијакос на 21 октомври исто така ќе биде преместен на Олимпискиот стадион „Олимписки Луис Компањас“ на Монжуик. Информацијата доаѓа само неколку часа откако Каталонците претрпеа пораз од Пари Сен Жермен во нивниот прв домашен натпревар во ЛШ доцна синоќа.

Клубот конкретно изјави дека работата за враќање на „Камп Ноу“ продолжува и раководството се надева дека тоа може да се случи за следните натпревари на тимот.

„ФК Барселона објавува дека третиот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите, во вторник, 21 октомври, во 18:45 часот, против Олимпијакос , ќе се игра на Олимпискиот стадион „ Луис Компањас“. Клубот продолжува да работи на добивање на потребните дозволи за враќање на „Спотифај Камп Ноу“ за следните натпревари од турнирот. Во овој поглед, ФК Барселона работи на препораките што ги даде Градскиот совет минатата недела“, објави раководството и потоа изрази благодарност до сите навивачи на клубот за нивното разбирање.

Се вчитува...