Враќањето на кралот: Фјури преку Вајлдер до светската круна

Со една од најдобрите изведби во боксерската кариера, Тајсон Фјури го прекина петгодишното владеење на Деонтеј Вајлдер во тешката категорија во ВБЦ верзијата. Во нерамноправна борба, Фјури ја доби мега-пресметката во Лас Вегас со технчки нокаут во седмата рунда откако претходно, Вајлдер беше на земја и во третата и во петтата рунда. Фјури беше комплетно доминантен и особено мотивирн очигледно и поради претходната борба во 2018 година која заврши без победник, а Британецот сметаше дека ја заслужува победата.

„Вајлдер е голем борец и повторно ќе биде шампион, но морам да кажам, Кралот се врати на тронот“ – изјави Фјури по победата.

Фјури кој вторпат е светски шампион сега го поседува појасот во ВБЦ верзијата, додека останатите титули во ВБА, ИБФ и во ВБО верзиите му припаѓаат на Ентони Џошува а веднаш по борбата на Фјури со Вајлдер додјоа повиците и најавите за пресметка меѓу британските боксери. Дури се оди до таму што се псоменуваат термини како престојниве лето или есен.

 

 

 

Се вчитува...