Раководството на Борусија Дортмунд му нуди решение на фудбалерот на Манчестер јунајтед Хенрик Михтаријан, за проблемот со минутажата со кој се соочува откако пристигна на „Олд трафорд“. Имено, „милионерите“ сакаат да го вратат назад ерменскиот репрезентативец во своите редови уште во јануарскиот преоден рок, а Мурињо би се откажал од неговите услуги доколку понудата е доследна.
Михтаријан никако да ги задоволи потребите на португалскиот стратег за да добие шанса да заигра. Откако на стартот од новата сезона блескаше во црвениот дрес забележувајќи пет асистенции на три средби, минутажата на Ерменецот драстично се намали и во последно време речиси и да не се појавува на теренот. Всушност, последен настап Михтаријан забележа на 25. ноември во победата од 1-0 над Брајтон во Премиер – лигата, мечот на кој влезе како замена во 71. минута.
Сепак, Јунајтед и Мурињо можат да добијат многу повеќе од пари со евентуалната продажба на Михтаријан во Дортмунд. „Црвените ѓаволи“ се интересираат за младиот германски репрезентативец Џулијан Вајгл, па се надеваат дека до неговиот потпис ќе стигнат токму преку размената со Михтаријан.
„Милионерите“ се познати по тоа што знаат да ги откупат назад своите поранешни фудбалери доколку нивната кариера пропаѓа во новите клубови, такви случаеви се транферите на Марио Геце, Нури Сахин и екс-играчот на Јунајтед, Шинжи Кагава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА