Ракометната репрезентација на Македонија ги поминува последните денови од подготовките за Европското првенство во Унгарија и Словачка кое стартува на 13. јануари.
Прв противник за „црвено-жолтите“ во групата А која ќе се игра во Дебрецин е репрезентацијата на Словенија. Селекторот на Словенците, Љубомир Врањеш вели дека Македонија веројатно е еден од најлошите противници кои може да ги добиеш на стартот на еден ракометен шампионат.
„Нашата прва вистинска цел е да се победи Македонија. Тие се веројатно најлошиот прв противник што би можел да го посакаш. Се обидуваме да се прилагодиме на секоја ситуација. Македонците се силна репрезентација. Емоциите ги носат на секој меч, многу се горди и играат со сето срце за својата држава. Тие се секогаш опасни на првите натпревари на шампионатите“, изјави Врањеш.
Натпреварот меѓу Македонија и Словенија кој е закажан за 13. јануари во Дебрецин ќе се игра со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА