Koшаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер вечерва ја отвораат финалната серија за титулата во Првата лига на Македонија. Во 32. финале, екипата од Аеродром влегува со многу повеќе трофеи, МЗТ Скопје Аеродром ќе атакува на својот 11, а Пелистер на првиот шампионски трофеј.
„Металците“ се без пораз во доигрувањето, откако им беа потребни само по три победи да ги елиминираат своите ривали. Во четвртфиналето беа подобри од Гостивар, а нешто потешка задача имаа во полуфиналето, против екипата на ТФТ, но исто така, и оваа серија беше решена во само три од евентуалните пет мечеви.
Од друга страна пак „пелистерци“ беа максимални во четвртфиналмата серија со Еуро Никел 2005, која ја решија во само три одиграни мечеви. Во полуфиналето, против подоброрангираниот Работнички, забележаа еден пораз, и тоа на гостински терен, во СРЦ „Кале“ во Скопје. Сосема довоолно за трета година по ред да го предизвикаат МЗТ Скопје Аеродом во битките за шампионската титула.
Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е со почеток во 19.15 часот. Час и петнаесет минути подоцна својата серија за третото место кое следната година ќе води во АБА 2 ќе ја стартуваат и Работнички и ТФТ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА