Време е за финале: ПСЖ или Интер, кој ќе биде нов владетел на Европа?

Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Интер вечерва ќе се сретнат во Минхен во финалниот натпревар од Лигата на шампионите.

Парижаните ќе се обидат да го освојат првиот трофеј во историјата и да ја комплетираат „триплетата“, додека „нероаѕурите“ сакаат да ја „спасат сезоната“ по неуспехот на домашната сцена.

Во Баварија ПСЖ се бори за првиот трофеј на европски првак, додека Интер досега три пати го креваше пехарот наменет за освојувачот на Лигата на шампионите.

Досега единственото финале на ПСЖ во Лигата на шампионите беше пред пет години, кога беа поразени од Баерн Минхен (0-1). Последната титула во ЛШ, Интер ја освои во 2010 година, а пред две години во финалето беше поразен од Манчестер Сити (0-1).

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике ја освои Лигата на шампионите пред 10 години со Барселона, исто така во Германија, но во Берлин против Јувентус. Интер минатиот месец го победи Баерн на стадионот на кој се игра финалето.

Натпреварот кој ќе се игра на „Алијанц арената“ во Минхен е со почеток во 21 часот.

Се вчитува...