Репрезентациите на Србија и Германија денеска ќе се сретнат во финалето на Светското првенство во кошарка кое во изминатиот период се играше во Филипини, Јапонија и Индонезија.
И покрај отсуството на своите први две ѕвезди Никола Јокиќ и Василије Мициќ и големото потценување на Светислав Пешиќ, Србите сепак успеаја да стигнат до финалето и покрај сите очекувања. По поразот од Италија, Србија веќе беше отпишана од домашната јавност, но со одличните партии против Домениканска Република, Литванија и Канада популарните „орли“ и повеќе од заслужено се во борба за златниот медал.
За противник Србите ќе ја имаат Германија која е репрезентација која убедливо највеќе покажа на овој шампионат. Само еден слаб натпревар, оној во четвртфиналето против Летонија и максимален учинок на шампионатот на кој се очекува да испишат историја и да стигнат до својот прв трофеј.
Натпреварот кој ќе го даде новиот светски шампион е со почеток во 14.40 часот, а од 10.30 САД и Канада ќе играат за бронзата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

