Како заокружување на успешната 2017 година во македонскиот фудбал, вечерва во Македонскиот Народен Театар, со почеток во 20 часот, ќе се одржи традиционалната манифестација во организација на ФФМ, за доделување на наградите за најдобрите од изминатата сезона 2016/17.
Изминатава беше посебно успешна за фудбалот. Македонија за првпат учествуваше на Европско првенство за селекции до 21 година, фудбалската репрезентација нанижа неколку значајни резултати и забележа рапиден скок на ФИФА-листата, а селекцијата до 19 години се пласираше во елитните квалификации. На клупски пчан, Вардар направи историски подвиг со елиминацијата на Фенербахче и пласманот во групнбата фаза од Лигата на Европа.
Време е за најдобрите…Енис Барди како најдобар фудбалер на годината, Стефан Спировски како најдобар играч во домашното првенство, Гоце Седлоски како најдобар тренер од периодот поминат во Вардар, итн…Елиф Елмас најдобар млад фудбалер, ФК Работнички – фер-плеј екипа…Ќе ги дознаеме сите, за кусо…
[new_royalslider id=”868″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА