Време е за голем камбек: Јирген Клоп доаѓа на клупата на Реал Мадрид?!

Елиминацијата од Лигата на Шампионите и дефинитивно означи крај на ерата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид, останува само дилемата дали Флорентино Перез ќе реши да го отпушти трофејниот стратег среде сезона или тоа ќе го стори откако ќе заврши Ла Лига, во пресрет на клупскиот мундијал.

Информациите од Шпанија говорат дека Флорентино е подготвен да тргне во офанзива за да ја оствари „невозможната мисија“, да го врати Јирген Клоп на тренерскиот занает, и тоа како шеф на стручниот штаб во најтрофејниот клуб во Европа. Германскиот стратег минатото лето објави дека ја завршува тренерската кариера напуштајќи го Ливерпул, во меѓувреме беше избран за шеф на фудбалските клубови кои се под капата на групацијата „Ред Бул“, но последните информации говорат дека Клоп би можел да се врати назад на тренерскиот ангажман.

Извори блиски до Германецот тврдат дека тој ги наполнил батериите откако бил преморен од повеќегодишниот ангажман во Ливерпул. Од друга страна, ангажманот во Ред Бул не е доволно енергичен за темпераментниот Германец, кој наводно би бил заинтересиран за камбек доколку добие понуда за такво нешто.

Реал Мадрид дефинитивно е примамлива опција, а Флорентино во следните денови и официјално ќе стартува преговори со агентите на Клоп околу можноста да го доведе Германецот на „Сантијаго Бернабеу“. Што се однесува до Анчелоти, Италијанецот е свесен дека отказот е само прашање на време, па се најавува дека тој и самиот ќе стартува преговори за својот тренерски ангжаман од соништата – да седне на клупата на репрезентацијата на Бразил и да ги предводи „кариоките“ на СП 2026.

Се вчитува...