Матс Хумелс преку социјалните мрежи објави дека ќе се збогува од фудбалот на крајот од оваа сезона. Германскиот фудбалер реши да се пензионира во јуни по 18 години успешна кариера.
Германецот важи за еден од најдобрите дефанзивци на овој век. Тој помина 17 сезони во Бундеслигата, наизменично во Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Сепак, најдобрите партии ги одигра во „црно-жолтиот“ дрес со кој двапати играше во финалето на Лигата на шампионите.
Кариерата како фудбалер ќе ја заврши на Рома, на која и се приклучи летово во првата сезона надвор од Германија. Хумелс е петкратен шампион на Бундеслигата, три пати го крена трофејот ДФБ Покал (Куп на Германија) и шест пати домашниот Суперкуп. Сепак, најголемиот успех на репрезентативен план го постигна кога со „панцирите“ беше Светски шампион во 2014 година.
THE END. Was für eine Reise! @OfficialASRoma @BVB @FCBayern @DFB_Team
Danke, Grazie, Thank you. pic.twitter.com/9a2tnHUyZB
— Mats Hummels (@matshummels) April 4, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА