Од денеска Бундес-лигата веќе нема да биде иста. Ќе се пишува нова историја. За првпат откако се игра фудбал во Германија, во елитата ќе суди и една дама. Бибијана Стеинхаус, која од сезоната 2017/18 влезе на листата на судии кои ќе делат правда во Бундес-лигата, денеска ќе го има своето деби, на мечот во Берлин меѓу Херта и Вердер Бремен.
„Ова беше мојот сон откако почнав да судам на фудбалските терени. Денеска е посебен ден, затоа што сонот ќе стане реалност. Неверојатно сум среќна поради тоа“, изјави Бибијана Стеинхаус.
Натпреварот меѓу Херта и Вердер е на програмата од 15.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА