Последните денови од годината се време резервирано за најпознатата светска спортска турнеја „Четири скокалници“. Со квалификациите во германски Оберздорф денеска стартува 71. издание на најпознатото натпреварување во зимските спортови.
Четири станици од турнејата, по две во Германија и Австрија. Првата е Оберздорф, на првиот ден од новата година одиме во Гармши Партен Кирхен, а потоа најдобрите ски-скокачи се селат во австриските Инсбрук и Бишсхофен.
Како најпосебни изданија се издвојуваат тие во кои еден ски-скокач успеа да триумфира на сите четири скокалници. Долго време легендарниот Свен Ханевалд беше единствен, а потоа му се придружија и Камил Штох од Полска и Јапонецот Ријо Кобајаши. Интересно е тоа што само еднаш се случило натпреварувач кој немал ниту една победа на крајот да стигне до триумф, а тоа е „летечкиот Финец“, Јане Ахонен. Легендарниот Финец е рекорд и по бројот на победи на турнејата, вкупно пет, а една од нив ја подели со Чехот, Јакуб Јанда во 2006 година.
Трофејот од минатата година го брани Јапонецот, Рију Кобајаши кој беше најдобар и во 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА